Големи полициски сили го затвораат Њујорк, напаѓачот сѐ уште во бегство

Фото : Њујоршката полиција на готовс по нападот во метрото во Бруклин / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Неколку часа по нападот во њујоршкото метро  во кој засега бројката на повредени од престрелката се искачи на 16 лица, полицијата сѐ уште трага по напаѓачот, додека големи полициски сили превентивно го затвораат градот по блокови.

Медиумите повикувајќи се на сведочења на очевидци од настанот кој се случи на 36-та улица во населбата Сансет Парк во Бруклин, јавуваат дека сторителот по пукањето кој бил средновечен маж облечен во портокалов градежен елек и гас-маска, фрлил канистер за чад на платформата за излез од метрото за да го одвлече вниманието на толпата во сообраќајниот метеж .

Џон Милер началник во њујоршката полиција на прес-конференција, соопшти дека напаѓачот е сѐ уште во бегство а поради чувствителноста на истрагата нема да се објавуваат детали за процесот.

– Во моментов соработуваме со сите безбедносни агенции и градските власти за да се дојде до сторителот побрзо. Ја уверуваме јавноста и граѓаните дека нема никакви бомби дополнителни поставени во градот, а нападот засега не е окарактеризиран како терористички чин – истакна Милер.

 

Њујоршката полиција за напаѓачот кратко информираше дека станува збор за афроамериканец при тоа не прецизирајќи никакви детали за лицето кое го стори пукањето во метрото.

Според советникот Алексеј Авилес, кој ја претставува областа каде се случи нападот во Њујорк, сите локални училишта во мометов поради претпазливост се затворени.

Фото : Силни полициски сили го затвораат сообраќајот во градот во потрага по сторителот – EPA-EFE/JUSTIN LANE

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил информиран за инцидентот и дека е во комуникација со официјални претставници на Њујорк.

Инаку Њујорк се соочи со серија престрелки и инциденти во последните месеци, вклучително и на градската железница. Еден од најшокантните беше во јануари, кога непознато лице турна жена под воз.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот