Приведен маж од Студеничани, крадел делови од железничка инфраструктура

Фото: Министерство за внатрешни работи

Полицијата вчера приведе маж од Студеничани кој со трактор превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура.

На 02.03.2023 на влезот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н. од с.Трубарево, скопско. Имено, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура, информира МВР.

Во полициска станица го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во село Трубарево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот