Приведен крадец во Свети Николе, одзел делови за патничко возило и трактор

Фото: илустрација / Bicanski / Pixnio

На 13.03.2023 во 13.40 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Свети Николе.

Тој се сомничи дека во периодот од 05.01. до 13.01.2023 од гаража во дворното место од куќа сопственост на А.Л. одзел повеќе делови за патничко возило и трактор и други предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот