Пристапот до тест за коронавирус ограничен, МЗ проверува кои лаборатории исполнуваат услови

epa08289411 Medical staff wear face masks to protect against the coronavirus disease (COVID-19) at the state hospital Mother Theresa in Skopje, North Macedonia, 12 March 2020. The state commission for infectious diseases will suggest that the government bans all public and private gatherings, no matter the number of participants, - concerts, theatres, cinemas, sport halls. Cafes and restaurants to work part-time until 18h and with half capacity, to keep the distance of 1,5-2 meters between people inside. The North Macedonian government has decided to suspend activities in schools and universities for 14 days in a bid to control the spread of the COVID-19 disease caused by the novel SARS-CoV-2 coronavirus in the West Balkan country. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За тестирање се чека најмалку два дена, а се тестираат само оние кои биле во странство или констатирале со заболен, иако веќе вирусот се шири интерно низ земјава.

Тестирање за коронавирус во најголем број случаи без да платат прават само оние кои патувале во странство или биле во контакт со заболен, некои само ако добијат симптоми, а некои и без тоа, во зависност од епидемиолошката проценка. Матичните лекари  веќе може да закажуваат тестирање преку центрите за јавно здравје и „Мој термин“, но велат дека кој може а кој не може да се тестира покажува самиот алгоритам и тие постапуваат по него.

– Но овој алгоритам е направен пред две недели и можеби е добро да се размисли некои параметри да се променат, бидејќи тогаш и сега имаме различна ситуација. Односно пред две недели случаите беа поврзани со патување во странство и контакти со заболен, но сега веќе не е така, расте бројот на оние кои интерно се заразуваат – вели Лилија Чолакова Дервишова која е матичен лекар во Велес и претседател на Здружението на матични лекари.

Таа исто така побарала од Фондот за здравство матичните лекари да имаат увид во евиденцијата на сите пациенти кај кои е потврдено дека имаат коронавирус, како би можеле да ги лоцираат ризичните контакти.

– Сега имаме увид само во тоа дали некој од нашите матични пациенти е позитивен, но кога ќе можеме да видиме за цел град ќе биде значително подобро, зошто нели не секогаш цело семејство е кај еден лекар, а контактот постои како и ризикот за ширење на болеста – објаснува Чолакова-Дервишова.

За тестирање за коронавирус пациентите чекаат по најмалку два дена, поради што лекарите бараат да се пуштат повеќе термини во „Мој термин“. Доколку Министерството за здравство во „Мој термин“ ги вклучи и приватните болници, ќе се растовари Институтот за јавно здравје. Со тоа би се решил проблемот за Скопје и поголемите градови, но во помалите, бидејќи ги нема приватните болници и лабораториите, ќе треба да се најде некое друго решение.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека се разговара со лабораториите „Биотек“ и „Авицена“ за да може кај нив да се прави тестирање за коронавирус преку „Мој термин“. „Авицена“ информираше и дека ќе овозможи 5.000 бесплатни тестирања, кои како што се вели во нивното соопштение, би требало да почнат да се прават кон средината на оваа недела.

„Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5.000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (COVID-19). Од средината на оваа седмица, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен Дом на Скопје-поликлиника Идадија (Млин Балкан)“, соопшти лабораторијата.

Од Министерството за здравство објаснуваат дека во сите лаборатории освен во таа на  „Систина“ се прават молекуларни тестови.

„Во Институтот за јавно здравје се работи молекуларна дијагностика на докажување на САРС Корона вирус 2. Со молекуларна метода се детектира RNA на вирусот на корона со тестови препорачани од Светската здравствена организација. Во сите лаборатории се прават молекуларни тестови, освен во приватната болница Систина каде што се прават серолошки тестови. Комисијата формирана од Министерството за здравство ги посетува сите лаборатории кои може да бидат вклучени во системот. За тоа што е утврдено ќе бидете дополнително известени“, објаснуваат од МЗ.

Во однос на пунктовите за земање материјал за лабораториски анализа кои Филипче ги најави пред една недела, од МЗ велат од денеска функционира тој во Чаир, а до крајот на неделата ќе биде отворен и тој во „Идадија“.

Кога ќе се вклучат и приватните лаборатории би требало да се зголеми и опфатот на пациенти со тестирање за коронавирус, но кога тоа ќе се случи засега не се знае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот