Прислушувањето од МВР преминува во надлежност на Министерството за правда

Фото: Архива

Владата на денешната седница ja разгледала и ја усвоила Информацијата во врска со потребата – Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда“, соопштија од „Илинденска“.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.

„Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе)“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот