Принцот Хари и Меган Маркл бараат нов дом во Лос Анџелес?

Profimedia

Меган има многу пријатели и роднини во својот роден град Лос Анџелес, па затоа не е чудно што парот сака да поминува повеќе време и таму.

„Хари и Меган ја сакаат Канада, но разгледуваат и куќи во Лос Анџелес. Најверојатно ќе имаат куќи во двете места“, тврди близок пријател на младиот пар.

Меган има многу пријатели и роднини во својот роден град Лос Анџелес, па затоа не е чудно што парот сака да поминува повеќе време и таму.

Кралскиот пар верува дека Лос Анџелес е совршен за нивниот опуштен животен стил и дека ќе поминуваат повеќе време во природа, планинарење и прошетка, пренесува „Мирор“. 

профимедиа

Принцот Хари и Меган Марл моментално живеат во изнајмена луксузна вила во Ванкувер, а за да ја зголемат безбедноста, тие поставиле камери насекаде околу вилата, како и на плажата. 

Вилата е опкружена со голема бела церада, со цел фотографите да не можат да ги фотографираат, а минатиот месец адвокатите на Хари и Меган и јавно ги предупредија папараците дека немаат право да ја нарушуваат приватноста на парот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот