Примиле државна помош, но не исплатиле плати: Лукаревска најави присилна наплата за 306 работодавачи

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција посочи за нови злоупотреби со државната помош за исплата на плати. Според неа, заклучно со 2 февруари оваа година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.305.020 денари, не исплатиле плати за 992 вработени.

– За работодавачите кои не ја исплатиле декемвриската плата се изготвени и доставени опомени. По истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата, ќе следува постапка за присилна наплата на платата, со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметки на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи, предупреди Лукаревска.

Меѓу корисниците на финансиската поддршка за исплата на плати има 78 претпријатија од областа трговија на мало.

За вторник е најавено дека ќе бидат презентирани информации по заедничките контроли на УЈП и на Државниот инспекторат за труд кај 109 компании кои примиле државна помош за плати за месеците април, мај и јуни во 2020 година, но не ги исполниле своите обврски кон вработените.

Државна помош за исплата на плати за декември примиле 13.160 работодавачи во вкупен износ од 961 милион денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот