Прилепчанец фалсификувал патна исправа

Стариот и новиот Македонски пасош / Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против П.П.(65) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 11.10.2020 до 02.04.2021 година, додека незаконски престојувал во Сојузна Република Германија, обезбедил фалсификувани штембили од Унгарија во неговата патна исправа за да докаже дека неговиот престој во Европската унија не надминувал 90 дена.

„Патната исправа со фалсификувани штембили ја користел во повеќе наврати, но на 20.11.2022 година при гранична контрола во Унгарија му била одземена и за тоа била водена судска постапка во Унгарија. После тоа, на 04.01.2023 пријавениот пријавил дека патната исправа му била изгубена, по што му бил издаден издаден нов пасош во Северна Македонија, по што ги користел двете патни исправи“, посочуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот