Фото: илустрација

Прилеп потона во мрак, се случил голем дефект на далновод

Прилеп од попладнево е без струја, а општината соопшти дека екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот што го предизвика прекинот во снабдувањето.

Станува збор за дефект на далноводот Прилеп – Кавадарци, поради кој голем дел од градот, како и повеќе околни населени места, останаа без струја.

Од Општината ги замолуваат граѓаните за трпение и разбирање, нагласувајќи дека се во постојана комуникација со службите и дека јавноста навремено ќе биде информирана за секој развој на состојбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот