Израелски напад во Либан/Фото: Ali Hashisho / Xinhua News / Profimedia

При израелски напад во бегалски камп во Либан се убиени 13 лица

Бројот на жртви се искачи на 13, а неколку други се ранети, во израелскиот воздушен напад врз палестински бегалски камп во Јужен Либан, соопштија денес либанските државни медиуми и владини претставници.

Ова беше најсмртоносниот напад врз Либан од прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах пред една година, објавува Вашингтон пост.

Нападот со беспилотно летало погоди автомобил на паркингот на џамија во бегалскиот камп Аин Ал Хилве, на работ на крајбрежниот град Сидон, соопшти либанската државна Национална новинска агенција.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека 13 лица се убиени, а неколку други се ранети во воздушниот напад, без да даде дополнителни детали. Претходно беше соопштено дека 11 лица се убиени во нападот.

Израелската војска претходно изјави дека кампот наводно го користеле оперативци на Хамас „за планирање и извршување терористички напади врз трупите и Државата Израел“.

„Преземени се чекори за ублажување на цивилните жртви, вклучително и употреба на прецизна муниција, воздушен надзор и дополнителни разузнавачки информации“, соопшти израелската војска.

Водач на Хамас беше убиен во градот Сидон во јули оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот