Превозниците утре нема да блокираат, дадоа рок до петок

Протест на приватните автобуски превозници / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

„Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот, ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да ги отежнат безбедносните протоколи – да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку дотогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП, на улица ќе излезат повторно во петок“, изјави вечерва првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

– Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени, вели Јовановски.

Денеска, како што додаде тој, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.

– По седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме, видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби, додава Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот