Претседателот на Мјанмар предупредува: Земјата е пред распад

Протести во Мјанмар
Протести во Мјанмар/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Претседателот на Мјанмар, Мајнт Све, кој директно контролиран од воената хунта, изјави дека земјата е во опасност од распад поради неефикасниот одговор на неодамнешното насилство во регионите што граничат со Кина.

Воената хунта во Мјанмар се соочува со најголемиот предизвик од доаѓањето на власт со државниот удар од 1 февруари 2021 година.

Етничките милиции и револуционерните групи нападнаа стотици бази на хунтата на север, североисток, северозапад и југоисток од земјата.

-Доколку владата ефикасно не управува со инцидентите што се случуваат во пограничниот регион, земјата ќе биде поделена на различни делови, рече претседателот на Советот на државната администрација, Мајнт Све, на состанокот на Националниот совет за одбрана и безбедност.

„Ова прашање треба внимателно да се контролира“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот