Претрес во резиденцијата на гувернерот на Рио де Жанеиро

Бразилската федерална полиција соопшти дека истражува корупција во врска со употребата на државни пари за борба против пандемијата на коронавирус во државата Рио де Жанеиро.

Бразилската полиција денеска изврши претрес и заплена на документацијата во резиденцијата на гувернерот на државата Рио де Жанеиро, Вилсон Витцел, како дел од истрагата поврзана со корупцијата.

Бразилската федерална полиција соопшти дека истражува корупција во врска со употребата на државни пари за борба против пандемијата на коронавирус во државата Рио де Жанеиро. Во соопштението се додава дека полицијата спровела 12 налози за претрес и заплена.

Според западни медиуми, предмет на истрага се наводни неправилности во трошењето пари за специјализирани болници за третман на пациенти со Ковид-19.

Полицијата извршила претрес во палатата Ларањерас, официјална резиденција на гувернерот и во неговиот дом во Грац. Според федерални полициски извори, не се издадени налози за апсење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот