Претрес во прилепско, пронајдени пиштоли, пушка и муниција, приведен битолчанец

Откриено оружје/Фото: МВР

Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Битола.

При претрес во домот кој го користи во с.Тополчани, прилепско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштола, три рамки за пиштоли, една пушка и неколку куршуми со различен калибар.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот