Пресврт: Ѓорѓевиќ вратен на клупата на Виртус

epa05073261 Panathinaikos Athens' head coach Aleksandar Djordjevic watches the Euroleague basketball match between Zalgiris Kaunas and Panathinaikos Athens in Kaunas, Lithuania, 17 December 2015. EPA/VALDA KALNINA

Славниот српски кошаркар и тренер, Александар Ѓорѓевиќ, 24 часа откако доби отказ денеска повторно е вратен на клупата на италијанскиот тим.

Вчера главна вест во кошаркарскиот свет беше отказот на Александар Ѓорѓевиќ во Виртус Болоња по поразот од Сасари во италијанскиот шампионат.

Ваквиот потег на сопственикот на Виртус наиде на револт кај играчите на Виртус кои јавно го искажаа незадоволството од отказот на Ѓорѓевиќ, а најголемата ѕвезда на тимот Милош Теодосиќ се закани дека ќе си замине од тимот.

Денеска нов пресврт, италијанските медиуми објавија дека Александар Ѓорѓевиќ 24 часа откако доби отказ е вратен на клупата на Виртус.
Новинарот Даниеле Лабанти потврди дека Ѓорѓевиќ денеска пристигнал во седиштето на тимот за да разговара со челниците на екипата по што е вратен на клупата на Виртус.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот