Изненадување, Виртус го отпушти тренерот Александар Ѓорѓевиќ

EPA/ANTONIO BAT

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија повеќе не е тренер на Виртус Болоња.

Отказот за поранешниот кошаркар, а сега тренер доаѓа само еден ден откако заработи исклучување поради острата реакција кон судиите на дуелот против Сасари.

Покрај Ѓорѓевиќ, тимот од Болоња ќе го напушти и дел од неговиот стручен штаб, а нов тренер во наредниот период ќе биде Кристијан Федриго.

Ѓорѓевиќ на клупата на италијанскиот тим седна во март минатата година, а годинава во моментите на прекинот на првенството поради пандемијата на коронавирусот, тимот на Виртус беше прв на табелата со скор од 18 победи и само два порази.

По завршувањето на играчката кариера, Ѓорѓевиќ првиот тренерски ангажман, во 2006 година го имаше во Италија во екипата на Олимпија, а потоа работеше и во Бенетон, Панатинаикос и Баерн Минхен. Од 2013 до 2019 година беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија.

Во новата сезона, екипата на Виртус се наоѓа на четвртото место во првенството со скор од пет победи и четири порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот