Пресуди во Ирак: Обесено 21 лице за тероризам

Фото: mia.mk

Во Ирак, една од земјите со најмногу изречени смртни казни во светот, денеска е егзекутирана група од 21 лице, обвинети за тероризам, соопштија полициски и медицински извори.

Сите егзекутирани се мажи кои се осудени за терористички акти што ги извршиле неодамна или пред неколку години. Сите се погубени со бесење во затвор во градот Насирија, во јужен Ирак.

Ирачките судови од крајот на 2017 година на смрт осудија неколку стотици лица, откако тамошните власти прогласија победа над џихадистите од Исламската држава.

Во оваа земја, во последните 20 години, најчесто нападите ги изведуваат радикалните сунити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот