Украина ќе добие борбени авиони од Белгија, Грција не може да испорача ракетни системи Патриот, се „нафати“ Шпанија

Белгија оваа година ќе и испорача на Украина борбени авиони Ф-16, објави Фламанското радио и телевизија, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Брисел.

Белгиската влада претходно имаше намера да ја испорача првата серија од авионите во Киев во 2025 година.

Во меѓувреме Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчкиот медиум Јефимерида изјави дека неговата земја нема да испорачува ракетни системи Патриот или С-300 на Украина.

„Грција ја поддржа Украина на различни начини, вклучително и преку одбранбени средства. Сепак, од самиот почеток рековме дека не можеме да обезбедиме одбранбени системи кои се клучни за нашите способности за одвраќање“, рече Мицотакис.

Атина го снабдува Киев со илјадници ракети, експлозиви, пешадиски борбени возила, силно експлозивни запаливи направи, муниција и противтенковски ракети откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година.

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес потврди дека Шпанија ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина.

Роблес најави испорака на комплет проектили за системи за противвоздушна одбрана на состанокот на контакт групата за одбрана на Украина, на кој таа учествуваше преку видео конференција.

Во соопштението на шпанското Министерство за одбрана за ова прашање не се споменува бројот на ракети што Шпанија ќе ги испрати.

Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ во понеделникот ветија дека ќе ја продолжат помошта за Украина, откако американскиот Конгрес го одобри големиот пакет помош за Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот