Пресуда на европскиот Суд на правдата: Унгарија го прекрши правото на азил

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Европскиот суд на правдата денеска донесе одлука против Унгарија за кршење на правото на азил со воспоставување на т.н. „транзитни зони” на границата со Србија.

Судот смета дека „ограничувањето на пристапот до постапката за меѓународна заштита, нерегуларно задржување на подносителите во транзитните зони, како и враќањето во пограничната зона на државјани од трети земји со нерегулиран статус со непочитување на гаранциите во врска со постапката за враќање, претставуваат кршење на законите на Унијата, се вели во соопштението.

Судот во мај побара ослободување на барателите на азил од камповите во „транзитните зони“ на границата со Србија, проценувајќи дека тие биле приведени без валидна причина. Тоа ја поттикна Унгарија да ги евакуира тие контроверзни кампови.

Транзитните зони „Роска“ и „Томпа“ беа поставени, откако Унгарија подигна ограда со бодликава жица долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година за време на миграциската криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот