Премија од 4,5 милиони евра доколку фудбалерите се пласираат на Мундијалот во Катар

Македонија во јуни ќе одигра четири натпревари во Лигата на нации/Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Македонската А репрезентација ја дели една победа од историски пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Последна пречка е Португалија против која избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одмерат силите денеска од 20.45 часот во Порто.

Неофицијално, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им вети премија на фудбалерите од 4,5 милиони евра доколку се пласираат на СП.

Потсетување дека премиерот на нашата земја, Димитар Ковачевски пред полетувањето за Порто им вети на репрезентативците премија од 500.000 евра доколку ја остварат целта.

Потсетување дека од ФФМ за пласман на Европското првенство кое се одржа од лани и на кое дебитиравме, фудбалерите и стручниот штаб добија четири милиони и 200.000 евра, што беше најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот