Премиерот на Либан со 72-часовен ултиматум до противниците

Премиерот на Либан, Сад Харири додека се одржуваат протести ширум земјата, постави 72-часовен ултиматум до своите противници да ја поддржат неговата програма за реформи.

Тој во обраќањето до нацијата ги обвини политичките партнери во својата Влада на национално единство, во која учествува и иранската група Хезболах, дека повторно го блокираат во спроведување на реформите.

Харири апелираше да донесат „јасни, одлучни и конечни одлуки” поврзани со своите предложени структурални реформи за обнова на многу задолжената либанска економија.

Тој во обраќањето до нацијата сугерираше дека ќе поднесе оставка ако тоа не се случи, но не беше експлицитен.

Илјадници демонстранти веќе втор ден протестираат барајќи оставка од Владата. При вчерашните протести во Бејрут загинаа две лица, а десетици беа повредени.

Протестите беа иницирани по соопштувањето на намерата на Владата да ги зголеми даноците, но и поради корумпираноста на политичарите.

Владата прогласи состојба на економска криза и бара начин да го намали дефицитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот