Премиер лигата во проблеми, две лица позитивни на корона

EPA-EFE/WILL OLIVER

Во Премиер лигата се направени 996 тестови на коронавирус од кои два се позитивни.

Помеѓу тестираните се фудбалери, тренери и нивните помошници како и сите вработени во екипите во Премиер лигата.
Двата позитивни теста на ковид-19 се откриени во два различни тима и тие веднаш се испратени во седумдневна изолациа.

Во првиот бран на колективно тестирање во Премиер лигата, беа направени 748 тестови, а шест лица беа позитивни на коронавирусот.
Раководството на Премиер лигата доби зелено светло од здравствените власти во Англија, на екипите да им дозволат групни тренинзи без контакти на нив.

Премиер лигата е прекината на 13. март, а до крајот на сезоната треба да се одиграат уште девет кола или вкупно 92 натпревари и челниците на Премиер лигата се оптимисти дека тоа ќе се случи иако веќе има осум случаи на позитивни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот