Преку новиот електронски дневник родителите секојдневно ќе имаат увид дали нивното дете е присутно на часовите

Ученици / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Со новиот електронски дневник родителите веднаш ќе имаат увид дали нивното дете стигнало во училиште. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири соопшти дека изработката е во крајна фаза, а се очекува да биде достапен за користење од второто полугодие.

Новиот е-дневник ќе биде достапен од второто полугодие или следната учебна година

Во крајна фаза е изработката на новиот електронски дневник кој треба да почне да функционира после пилотирањето што го имавме во претходните месеци во Министерството за образование, поддржан од Европската Унија. Со воведување на новиот електронски дневник се прават сите напори тој да биде интегриран и поврзан за добивање на информации веднаш после внесување на податоците, односно секојдневно родителите да можат да ги добиваат ажурираните податоци за отсутните ученици, истакна тој на завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ на која беше презентирана новата веб – страница за рано предупредување за исчезнати деца.

Шаќири нагласи дека во изминатиот периот имале забелешки во врска со комуникациите на вибер помеѓу наставниците и родителите, односно дека групите се употребуваат за споделување на задачи и материјали за работа

Забелешката беше да не се употребуваат групите за такви споделувања. Комуникацијата случена во училиштето кај Вања треба да се земе за пример, затоа што доколку не беше таква таа комуникација ќе имавме забелешки во однос на функционирањето, односно добивањето на информации од страна на лицата вклучени во образовните институции до родителите, рече министерот и препорача сите наставници, не само класните, да водат евиденција за отсуството на учениците на часовите и да ги известуваат родителите.

Шаќири: Наставниците ќе имаат повисоки плати и нов е-дневник, се воведуваат нови безбедносни мерки во училиштата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот