Преку накит, јахти, скапи автомобили и станови во Велика Британија се перат 325 милијарди фунти заработени од криминал

Фото: Flickr

Накит, јахти, тркачки автомобили и луксузни станови се дел од средствата за перење на стотина милијарди фунти во Велика Британија, пари стекнати од криминал. Овие средства исто така минуваат низ банките и преку повеќе британски посредници, кажува студијата на „Транспаренси интернешнл“.

– Велика Британија е платформа за пари од корупција од целиот свет – стои во извештајот за борбата против корупцијата на оваа организација.

Парите стекнати од криминал „добиени со помош на компании кои се регистрирани во Велика Британија и нивните офшор финансиски центри, во земјата се вложуваат во луксузни недвижнини, а се користат и за пристап до престижни институции“, како што се најценетите унверзитети или културни установи што на донаторите им дава „зголемување на личниот статус“, пишува во извештајот.

– Иако е тешко да се утврди износот на „криминални пари“ кој влегуваат во Обединетото Кралство, Националната агенција за криминал проценува дека повеќе од 100 милијарди фунти нелегални средства влегуваат во кралството секоја година – констатираат од „Транспаренси интернешнл“.

Студијата посебно прегледала 400 различни случаи на корупција во кои британските финансиски услуги биле дел од „перење“ на најмалку 325 милијарди фунти од нелегалниот пазар, од корупција, проневери и друго.

Во извештајот се спомнува и дека 421 недвижни имоти со вкупна вредност од пет милијарди фунти се купени од богатство со „сомнителен извор“.

Се укажува и на купување на јахти, накит, луксузни автомобили и приватни авиони, како и скапа облека, елитни ложи на стадионот на лондонскиот фудбалски клуб Челси и слично.

„Транспаренси интернешнл“ препорачува десет мерки за да се спречат поединците и претпријатијата да префрлаат пари и да го „перат“ во Велика Британија.

Меѓу другите, тие советуваат престижните институции како универзитетите или музеите да утврдуваат етички правила за прифаќање или одбивање на средства, како и објавување на имињата на донаторите.

Засилувањето на правната одговорност на претпријатијата и поединците исто така би бил силен поттик за построга проверка на потеклото на средствата, сметаат од организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот