Прекинува потрагата по Мартин на Халкидики : Останува морето да го врати

Седми ден трае потрагата по Мартин на Халкидики/Фото: Скриншот/Фејбук, Voria.gr

Невладината грчка организација ОФКАТ се откажува од потрагата за Мартин Јовановски, кој исчезна во водите кај одморалиштето Посиди на Халкидики.

– Денес затвораме 20 дена без Мартин! Напорите за негово лоцирање цело време за жал беа неуспешни иако морето, копното и небото ги прокрстаривме со она што го имавме на располагање и со сите државни органи. Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни се оддолжи. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори! На мајката Лидија и на неговиот брат Горан им ветивме дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата сега продолжува на „друго“ ниво – објавија од ОФКАТ преку нивниот профил на Фејсбук.

Три момчиња на почеток на јули беа повлечени од морските струи кај Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако претходно го прославувале роденденот на Иван.

Првото момче беше набрзо пронајдено од сурфер кој ја информираше крајбрежната стража. Иван беше пронајден по поминати над 20 часа со вода, успеал да се одржи благодарение на полуиздишана топка која ја нашол во водата. Само Мартин го нема 20 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот