Префинет италијански сладолед од кафе

Разладување со италијански сладолед од кафе, прекрасен и наменет за сите љубители на аромата на кафето. Уживајте…

Италијански сладолед од кафе

Потребни состојки:

9 жолчки од јајце
200 грама шеќер
500 мл млеко
125 грама кафе
300 мл слатка павлака
100 грама кршено чоколадо со вкус на кафе

Начин на подготовка:

Мешајте ги жолчките и шеќерот додека не добиете кремаста смеса.

Ставете ги млекото и кафето во сад на оган и чекајте смесата да почне да вари, а потоа тргнете го садот настрана и почекајте да се излади десетина минути.

Процедете го кафето и смесата истурете ја во садот со жолчките и шеќерот. Повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.

Смесата што ќе ја добиете по мешањето ставете ја на оган на температура од 85 степени. Кога малку ќе се стопли тргнете ја од оган, повторно процедете и оставете да се излади.

Потоа додајте ја слатката павлака и сецканите парчиња чоколадо и замрзнете ја смесата, .

Пријатно уживање!

Поврзани вести

Ќерката на Трамп беснее на плажа во Мајами, Американците се бесни на неа: „Стави маска на лицето!“

Слободен Печат

Еве зошто треба да јадете кајсии: Погледнете што се случува во вашето тело ако се на вашето мени!

Васко Спасоски

Свежа кожа – ново лице: Жолт индиски пилинг од куркума кој длабински ја чисти кожата за само 20 минути

Слободен печат

Прекумерното потење во топлите денови може да ве доведе до непријатна ситуација – Еве како да го спречите!

Слободен печат

Историски настан: Астронаутите на Спејсикс и НАСА пристигнаа на вселенската станица (ВИДЕО)

Слободен печат

РЕЦЕПТ: Кифлички со јогурт

Слободен печат

Остави Коментар