„Предоцна е“: Сергеј Трифуновиќ реагира на укинувањето на „Задруга“

Сергеј Трифуновиќ во претставата „Воз“ / Фото: Фејсбук/Театар „Ѕвездара“

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ изреагира на објавата на Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата Пинк, дека ќе го укине контроверзното реално шоу „Задруга“.

Како што објави босанскиот медиум „Кликс“, Трифуновиќ кратко искоментирал на неговата објава: „Брате, доцна е. Предоцна. За сѐ“. Но, се чини дека коментарот сега е избришан.

По масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јавноста покрена петиција за укинување на реалните шоуа и одземање на лиценците за работа на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“. Исто така, едно од барањата на протестот „Србија против насилството“ беше укинување на програмите кои промовираат насилство и неморал, како што се реалните шоуа.

По препорака на српскиот претседател Александар Вучиќ, сопственикот на телевизија Пинк вчера објави дека ќе ја укине „Задруга“.

„По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја укинам реалити програмата ‘Задруга’ во најкус можен рок, не подолго од десет дена. Верувам дека единството на Србија и проценката на претседателот е поважна од секој интерес на Пинк и мојот личен интерес!“, напиша Жељко Митровиќ на социјалните медиуми.

„Труење на народот“: Започната петиција за одземање на дозволите на телевизиите Пинк и Хепи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот