Предлог за денешниот ручек – Фантазија од вкусови: Компир и тиквички во сос од печурки

Пробајте го овој превкусен и едноставен рецепт за компир и тиквички запечени во рерна на малку поинаков начин. Ќе почувствате фантазија од вкусови и ќе уживате во запечените тиквички, прелиени со сос од печурки.

Потребно ви е:

– 600 гр компир
– морков
– 2 помали тиквички
– 1 главица кромид
– 1 домат
– лук во гранули
– 3 лажици пченкарно брашно
– 2 лажици гриз
– зачин, сол
– бибер
– лута тенка пиперка
– малку слатка црвена пиперка
– магдонос
– кесичка од печурки за крем супа

Подготовка:

Компирот, тиквичките и морковот исчистете ги и исецкајте ги на кругови. Посолете и додадете ги зачините. Кромидот и доматот исецкајте ги исто така на кругови. Во компирот и морковот и тиквичките додадете бибер, алева и толчена пиперка, додадете лук, масло, пченкарно брашно и гриз и се добро изедначете. Кесичката со мешавина за крем супа од печурки разматете ја во млака вода околу 250 мл и прелијте ја преку компирите. Уште малку додадете масло, попрскајте со магдонос и печете на 220 степени околу 40 минути.

Пријатен ручек!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот