Пред мозочниот удар телото ги праќа овие 8 сигнали!

Мо­зоч­ни­от удар е ра­пид­но гу­бе­ње на мо­зоч­ни­те фун­кции по­ра­ди на­ру­шу­ва­ње на до­то­кот на крв во мо­зо­кот, а како резултат на тоа, нервните клетки кои се наоѓаат таму не го примаат кислородот што ни е потребен. Мо­же да нас­та­не по­ра­ди исхе­ми­ја (не­дос­та­ток на про­ток на крвта) пре­диз­ви­ка­на од бло­ка­да (тром­боза, ар­те­рис­ка ем­бо­лија) или по­ра­ди крва­вење.

Ка­ко ре­зул­тат на мо­зоч­ни­от удар, за­фа­те­но­то под­рач­је на мо­зо­кот не мо­же да фун­кци­о­ни­ра што ре­зул­ти­ра со тоа што лич­нос­та не мо­же да ги мрдне еден или по­ве­ќе де­ло­ви на те­ло­то од за­фа­те­на­та страна, не­мож­ност за раз­би­ра­ње и го­во­ре­ње или фор­му­ли­ра­ње на збо­ро­вите, гу­бе­ње на ви­дот на ед­на­та стра­на од вид­но­то поле.

Оваа болест е најчесто поврзана со крвниот притисок, пореметувањето на метаболизмот поради прекумерно консумирање храна, последици од пречесто пушење цигари и стрес.

Мозочниот удар ги погодува и мажите и жените, но смртноста е поголема кај жените.

За жал, мозочниот удар како и другите болести на кардиоваскуларниот систе, прилично е тешко навреме да се откријат. Често се сомнева на други болести, а најмалку на опасниот мозочен удар.

Запамете ги овие важни сигнали кои телото ги испраќа пред мозочниот удар и реагирајте брзо:

1. Висок крвен притисок
2. Вкочанет врат
3. Силна главоболка
4. Парализа на едната страна на телото
5. Проблеми со вратот и проблеми со говорот
6. Ненадејно чувство на замор
7. Ви станува тешко да одите или да ги дигнете рацете
8. Вртоглавица и општа слабост на телото.

Же­ни­те се со по­го­ле­ма ве­ро­јат­ност да до­жи­ве­ат мо­зо­чен удар от­кол­ку ср­цев удар ка­ко прва ма­ни­фес­та­ци­ја на кар­ди­о­вас­ку­лар­ни за­бо­лу­вања.

Сим­пто­мите кај жените, ис­то така, мо­жат да би­дат раз­лич­ни од оние кај ма­жите:

– Нес­вес­тица;
– Теш­ко­ти­ја или ос­та­ну­ва­ње без здив;
– Не­на­деј­ни про­ме­ни во од­не­су­ва­њето;
– Ха­лу­ци­на­ции;
– Га­де­ње или пов­ра­ќање;
– На­пади;
– Дол­гот­рај­ни икања.

За да го препоз­на­е­те мо­зоч­ни­от удар, ко­ри­сен е и та­ка­на­ре­че­ни­от фаст тест. Прочитајте тука како да го направите едноставниот тест, како и други подетални информаци за мозочниот удар.

До­кол­ку мис­ли­те де­ка вие или не­кој око­лу вас има мо­зо­чен удар, вед­наш по­ви­кај­те ит­на ме­дицин­ска по­мош бидејќи брзата превенција е клучна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот