Брзата ре­ак­ци­ја е клуч­на: Сим­пто­ми што го на­ја­ву­ва­ат мо­зоч­ни­от удар

pixabay

Мо­зоч­ни­от удар е ра­пид­но гу­бе­ње на мо­зоч­ни­те фун­кции по­ра­ди на­ру­шу­ва­ње на до­то­кот на крв во мо­зо­кот. Мо­же да нас­та­не по­ра­ди исхе­ми­ја (не­дос­та­ток на про­ток на крвта) пре­диз­ви­ка­на од бло­ка­да (тром­боза, ар­те­рис­ка ем­бо­лија) или по­ра­ди крва­вење.

Ка­ко ре­зул­тат на мо­зоч­ни­от удар, за­фа­те­но­то под­рач­је на мо­зо­кот не мо­же да фун­кци­о­ни­ра што ре­зул­ти­ра со тоа што лич­нос­та не мо­же да ги мрдне еден или по­ве­ќе де­ло­ви на те­ло­то од за­фа­те­на­та страна, не­мож­ност за раз­би­ра­ње и го­во­ре­ње или фор­му­ли­ра­ње на збо­ро­вите, гу­бе­ње на ви­дот на ед­на­та стра­на од вид­но­то поле.

Во­о­би­ча­е­ни зна­ци на мо­зо­чен удар

Ви­дот и се­ри­оз­нос­та на сим­пто­ми­те на мо­зоч­ни­от удар за­ви­сат од об­лас­та на мо­зо­кот што е за­фа­тена.

Зна­ци и сим­пто­ми на мо­зо­чен удар кај ма­жи и же­ни мо­же да вклу­чу­ваат:

– Наг­ла вко­ча­не­тост, сла­бост или не­мож­ност за дви­же­ње на ли­цето, раце­те или но­зе­те (осо­бе­но ед­на­та стра­на од те­лото);

– Кон­фу­зија;

– Го­вор­ни проб­ле­ми и раз­би­ра­ње на го­во­рот;

– Проб­лем со ви­дот во ед­но­то или две­те очи;

– Вртог­ла­вица, проб­ле­ми со оде­ње­то или гу­бе­ње на рам­но­те­жа или ко­орди­на­ција;

– Не­на­дејна, сил­на гла­во­бол­ка ( чес­то­па­ти опи­ша­на ка­ко „нај­ло­ша гла­во­бол­ка во мо­јот жи­вот“);

– Рес­пи­ра­тор­ни проб­леми;

– Гу­бе­ње на свеста.

Фаст тест

До­кол­ку мис­ли­те де­ка вие или не­кој око­лу вас има мо­зо­чен удар, вед­наш по­ви­кај­те ит­на ме­дицин­ска по­мош.

За да го препоз­на­е­те мо­зоч­ни­от удар, ко­ри­сен е и та­ка­на­ре­че­ни­от фаст тест.

– Фејс (лице) – Обе­се­но лице. По­ба­рај­те од ли­це­то да се насмее. Да­ли таа насмев­ка е ис­кри­вена?

– Арм (рака) – По­ба­рај­те од ли­це­то да ги кре­не рацете. Да­ли не­ко­ја паѓа? Ли­це што пре­жи­ве­а­ло мо­зо­чен удар, не мо­же да ја кре­не ед­на­та ра­ка или да ја стис­не ту­па­ни­цата.

– Спич (го­вор) – Да­ли го­во­рот е не­ја­сен или теш­ко е да се разбере? По­ба­рај­те од ли­це­то да пов­то­ри ед­нос­тав­на ре­че­ница, ка­ко на при­мер: Не­бо­то е сино. Да­ли ре­че­ни­ца­та е пра­вил­но из­го­во­рена?

– Тајм (време) – Про­ве­ре­те ги жи­вот­ни­те фун­кции и по­ви­кај­те бр­за по­мош до­кол­ку се сом­не­ва­те де­ка не­кое ли­це има­ло мо­зо­чен удар. Вре­ме­то е клучно.

Сим­пто­ми­те кај же­ни­те се раз­лични

Мо­зоч­ни­от удар го до­жи­ву­ва­ат мно­гу по­ве­ќе же­ни от­кол­ку ма­жи и е ед­на од во­деч­ки­те при­чи­ни за смрт и ин­ва­ли­ди­тет кај же­ните.

Же­ни­те се со по­го­ле­ма ве­ро­јат­ност да до­жи­ве­ат мо­зо­чен удар от­кол­ку ср­цев удар ка­ко прва ма­ни­фес­та­ци­ја на кар­ди­о­вас­ку­лар­ни за­бо­лу­вања.

Сим­пто­мите, ис­то така, мо­жат да би­дат раз­лич­ни од оние кај ма­жите:

– Нес­вес­тица;

– Теш­ко­ти­ја или ос­та­ну­ва­ње без здив;

– Не­на­деј­ни про­ме­ни во од­не­су­ва­њето;

– Ха­лу­ци­на­ции;

– Га­де­ње или пов­ра­ќање;

– На­пади;

– Дол­гот­рај­ни икања.

Ви­до­ви и при­чи­ни за мо­зо­чен удар

Постојат два глав­ни ти­па мо­зо­чен удар: исхе­ми­чен и хе­мо­ра­ги­чен.

Исхе­мич­ни­от мо­зо­чен удар, кој ис­то та­ка е и нај­чест, се ја­ву­ва до­кол­ку згрут­чу­ва­ње­то ја заг­ла­ви ар­те­ри­ја­та и го спре­чу­ва про­то­кот на крв, а хе­мо­ра­гич­ни­от се ја­ву­ва до­кол­ку не­кој крвен сад пук­не и крв­та вле­гу­ва во окол­но­то ткиво.

Око­лу 85 от­сто од мо­зоч­ни­те уда­ри се исхе­мични.

Фак­то­ри на ри­зик

Од­ре­де­ни фак­то­ри на жи­вот­на­та сре­ди­на и на­ви­ки­те на жи­вот­ни­от стил го зго­ле­му­ва­ат ри­зи­кот од мо­зо­чен удар. Не­кои фак­то­ри на ри­зик мо­жат да би­дат тре­ти­ра­ни или кон­тро­ли­рани, до­де­ка дру­ги не мо­жат.

* Фак­то­ри што не мо­жат да се про­ме­нат:

– Се­меј­ство и ис­то­рија. Ри­зи­кот од удар мо­же да би­де по­го­лем до­кол­ку ва­ши­те ро­ди­тели, ба­би и де­дов­ци до­жи­ве­а­ле мо­зо­чен удар.

– Ста­рост. Мо­зоч­ни­от удар нај­чес­то се ја­ву­ва кај ли­ца над 65 го­дини.

– Род. Мо­зоч­ни­от удар по­ве­ќе ги по­го­ду­ва же­ните.

– Лич­на ис­то­рија. До­кол­ку ве­ќе сте го имале, ве­ро­јат­нос­та де­ка ќе го ис­ку­си­те пов­тор­но е го­лема.

* Фак­то­ри што мо­же да се про­ме­нат:

– ви­сок крвен при­ти­сок,

– ви­сок хо­лес­те­рол,

– бо­лес­ти на ср­цето,

– ди­ја­бе­тес,

– ане­мија.

*Дру­ги фак­то­ри на ри­зик:

Од­ре­де­ни жи­вот­ни на­ви­ки ис­то та­ка го зго­ле­му­ва­ат ри­зи­кот од мо­зо­чен удар, как­ви што се:

– пу­ше­њето,

– ло­ша­та ис­храна,

– де­бе­ли­ната,

– не­ак­тив­ност,

– стрес и деп­ре­сија,

– ал­ко­хо­ли­зам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот