Пред Халанд се поклони и Луис Суарез: Најдобрата „деветка“ во овој момент!

Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Ерлинг Халанд одигра страшен натпревар против Манчестер Јунајтед, Норвежанецот постигна три гола и додаде уште две асистенции, а за овој настап доби пофалби и од Уругваецот Луис Суарез.

Од почетокот на сезоната Халанд игра фантастично во дресот на „граѓаните“, зад своето име веќе има 14 гола, втор стрелец е Хари Кејн со двојно помалку. Нема сомневање дека ако продолжи вака пред Халанд ќе паднат сите можни голгетерски рекорди.

Луис Суарез нема дилеми дека Халанд во овој момент е најдобрата „деветка“ во светот.

„Честитки пријателе, неверојатен натпревар! Најдобрата „деветка“ во овој момент!“, гласи кратката порака на поранешниот напаѓач на Ливерпул и Барселона.

Пофалби за Халанд имаше и легендарниот Питер Шмајхел. За Шмајхел, Халанд е комбинација на повеќе врвни напаѓачи.

„Кога го гледам Халанд имам чуство како да дава голови како Ибрахимовиќ, но во него има примеси и на Кристијано Роналдо. Тој е толку опасен што е комбинација на неколку врвни напаѓачи“, порача Шмајхел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот