Прашања кои треба да си ги поставите пред да кажете „ТЕ САКАМ!“

1. Дали чувате тајни?

Ова може да звучи како детинесто прашање, но сепак е важно. Вљубените парови не чуваат тајни, тие се секогаш отворени еден кон друг. Ако чувате тајни од вашиот партнер, можеби не е време да ја изјавите вашата љубов.

2. Дали очекувате совршенство?

Кога навистина љубите некого, вие ги љубите и нивните недостатоци, не само карактеристиките што се добри. Љубовта започнува со прифаќање и важно е да разберете дека ниту една личност или врска не се совршени.

3. Дали сте пријатели?

Не можете да имате функционална љубовна врска доколку вашиот партнер не ви е и пријател. Пријателите заедно се шегуваат, споделуваат интереси, заедно работат на тешките проблеми и најважно, се подржуваат. Пријателството и љубовните врски се многу слични, па затоа и врската што има пријателска основа е многу силна.

4. Дали се чувствувате љубоморно?

Довербата е од суштинско значење и мора да биде дел од вашата врска пред да кажете „Те сакам“. Ако чувствувате љубомора кога вашиот партнер е сам или со некој друг, тогаш веројатно треба да се воздржите од изјавување љубов. Научете да му верувате на вашиот партнер, бидејќи во спротивно никогаш нема да го љубите како што сакате.

5. Дали е само физичка привлечност?

Физичката хемија е важна за функционална љубовна врска. Но понекогаш целата врска може да е само тоа. Односот што се темели само на секс води до досадување. Потребно е нешто повеќе за вистинска љубов помеѓу вас и вашиот партнер.

6. Дали сте научиле нешто од минатото?

Минатите врски можат многу да нѐ научат за сегашноста. Откако ќе прекинете некоја врска, дајте си време да се проучите себеси, да го спознаете вашиот партнер и да разберете зошто врската завршила. Ако немате научено ништо важно од претходните врски, што всушност ѝ нудите на личноста на која сакате да ѝ изјавите љубов? Ако навистина ја сакате, размислете што можете да понудите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот