Познатиот епидемиолог предупредува: Вториот бран од коронавирусот ќе биде многу поголем и посилен

Вториот бран од коронавирусот, кој се очекува на есен, ќе биде многу поголем и посилен, предупредуваат познати светски експерти.

Епидемиологот д-р Мајкл Остерхолм, директорот на Центарот за истражување на инфективни болести на Универзитетот Минесота, изјави дека Ковид-19 нема да исчезне самиот, предупредувајќи дека „сите ќе патиме“ без конкретен план.

– Бидејќи досега само пет до 20 отсто од луѓето имаат прележано Ковид-19, на есен следи втор бран, кој ќе биде многу поголем и посилен. Без вакцина, која сигурно нема да биде произведена во наредната една година, вирусот ќе продолжи да се шири се додека светската популација не стекне колективен имунитет, односно додека 60 до 70 отсто од луѓето на светот не ја прележат. Овој проклет вирус ќе живее додека не ги зарази сите кои може, предупредува д-р Остерхолм.

Престижниот професор и епидемиолог своето предвидување го засновал на научна студија во која проучувал четири пандемии во 20 и 21 век: Шпанската треска, азијскиот, хонгконгшкиот и свинскиот грип.

На основа на овие истражувања тој заклучил дека постојат три потенцијални сценарија на пандемијата на новиот коронавирус, од кое најверојатно е она дека ни следи друг бран од вирусот на есен.

Остерхолм исто така предупредува за прераното отварање на државите, истакнувајќи дека пред само два месеци, ковид-19 не припаѓаше на листата која ги вбројува 100. најчести причини за смрт, а сега е речиси на врвот како причина за смрт во Европа и САД.

Поопширно на темата зборуваше при гостувањето кај Џо Роган на почетокот од месец март, кога немаше многу заболувања ниту во Италија, како прво европско жариште, а тогаш и САД имаа малку регистрирани случаи. 

Епидемиологот уште тогаш  предупреди за опасноста на новиот вирус, кога се уште јавноста го перцепираше ковид-19 како „малку поопасен грип“. Ова е едно од најгледаните гостувања кај популарниот Џо Роган, видеото има над 14 милиони прегледи, а можете да го изгледате го ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот