Познатата актерка Силвина Луна почина по неуспешна естетска операција на задникот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Аргентинската актерка Силвина Луна починала во четвртокот поради компликации што настанале по зафатот – бразилско кревање на задникот или операција ББЛ (Brazilian butt lift). Актерката поминала 79 дена во болницата „Италијано“, но напорите на лекарите биле залудни.

Актерката била оперирана уште во јуни 2011 година, но од последици од операцијата развила проблеми со бубрезите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Луна ја оперирал естетскиот хирург Анибал Лотоцки, кој беше обвинет во 2021 година за смртта на ТВ-водителот и моден експерт Маријано Капрарола. Маријано, исто така, почина како резултат на истата операција, откако ја имаше во 2010 година.

Братот на актерката, Езекиел Луна, им дал дозвола на лекарите да ја исклучат од респираторот во попладневните часови, пишува „Мирор“.

– Тоа е многу тешка одлука што нејзиниот брат мораше да ја донесе, очигледно по препорака на лекарите кои размислувале за тоа во неколку наврати. Единствениот роднина што Силвина го имаше мораше да одлучи за животот на својата сестра и тоа му беше најтешката одлука – изјавил блискиот пријател на актерката, Анхел дел Брито.

Лекарот што ја оперирал Силвина ѝ инјектирал течност која содржи полиметилметакрилат, а која е забранета од страна на аргентинската Национална управа за лекови, храна и медицинска технологија. Инаку, таа течност производителите ја користат како замена за стакло во делови за возила, леќи, плочи и прозорци.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На Силвина првпат ѝ била потребна лекарска помош во 2015 година, кога се лекувала од камења во бубрезите. Подоцна ѝ било дијагностицирано затајување на бубрезите и хиперкалцемија.

Во 2016 година отишла во Мајами кај доктор Криситан Перез, кој ѝ ја отстранил опасната материја од задникот, но повеќе немало помош, бидејќи Силвина развила автоимуна болест.

Силвина чекала нов бубрег, но завршила со бактериска инфекција по која не можело многу да се направи за нејзиното здравје.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот