Позната актерка хоспитализирана непосредно пред породувањето: Многу жени го игнорираат ова

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Јана Крамер, ѕвездата на серијата „One Tree Hill“, откри дека била хоспитализирана поради инфекција на бубрезите додека била на одмор со својот вереник Алан Расел, непосредно пред раѓањето на нивното дете, пишува „Пејџ сикс“.

Крамер на социјалните медиуми преку фотографии откри дека била хоспитализирана поради „бактериска инфекција која се проширила на нејзините бубрези“. Дводневната хоспитализација се случила откако познатата актерка и пејачка се пожалила на болки во грбот кои ги чувствувала со недели.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Одморот не ни помина според планираното, но научивме неколку лекции. Прво и основно, бебето е добро“, напиша Јана покрај неколку фотографии од болницата.

Таа напишала дека „лекција број еден на секоја мајка е да не ја негираат болката, бидејќи таа може да биде посериозна отколку што мислат, додавајќи дека мајките често ги игнорираат предупредувачките знаци поврзани со нивното тело, бидејќи „последната работа на нивниот ум е само- грижата“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Кога пред една недела објавив дека ме боли грбот, тоа го препишав на бременоста и не им кажав на лекарите бидејќи болките во грбот се честа појава“, додала таа.

Таа истакнала дека повеќе не можела да ја поднесе болката, а со текот на времето станувала сè поболна. И покрај хоспитализацијата, Крамер рече дека таа и нејзиното бебе се добро. Таа го пофалила и својот вереник, кој ја поддржувал и бил со неа во тешките моменти во болницата.

„Секоја чест за мојот сопруг кој го молев да спие во прекрасниот хотел што го доби за нас, но наместо тоа, тој спиеше на преклопен стол, во болница, до мене. Најдете маж кој нема да ве натера да се чувствувате лошо или да ве остави кога не се чувствувате добро“, заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот