Познат јутјубер пронајден мртов: Ненадејно починал на 23-годишна возраст
Почина популарниот јутјубер Тумед (Twomad), со вистинско име Мудеа Седик, почина на 23-годишна возраст.
Препорачано
Јутјуберот бил најпознат по тоа што правел видеа фокусирани на игри и вести од заедницата.
Полицијата го пронашла Тумед во несвесна состојба во неговиот дом во Лос Анџелес, откако била побарана проверка на благосостојбата, по неколкудневниот молк на 23-годишното момче. Тој исто така пропуштил неколку состаноци во тоа време, пишува „Метро“.
Полицијата за „ТМЗ“ (TMZ) изјавила дека личност на Интернет, која има милиони следбеници на нејзините различни канали и социјални мрежи, била пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Лос Анџелес во вторникот вечерта.
„ТМЗ“ пишува дека загрижените пријатели не се слушнале со Тумед веќе неколку дена, а тој дури и пропуштил некои состаноци. Како резултат на тоа, полицијата била испратена да истражи и тогаш го пронашле неговото тело, иако не е јасно колку долго бил мртов пред да биде пронајден. Изворите велат дека на местото на настанот биле пронајдени реквизити за дрога, а исто така било кажано дека овој случај во моментов се третира како можно предозирање. Смртта не се третира како сомнителна.


