Познат е датумот кога Лондон и Брисел ќе седнат на преговарачка маса за идните трговски односи

Брисел смета дека е преамбициозно да се очекува за само 10 месеци да завршат преговорите за сите сложени трговски прашања, но британската Влада, предводена од премиерот Борис Џонсон, нема намера да го продолжи преодниот период.

Велика Британија и Европската унија на 3 март ќе ги почнат преговорите за своите идни трговски односи, јави „Гардијан”.

Според весникот, преговарачките групи, кои и натаму ќе бидат предводени од Ричард Фрост од британска страна и Мишел Барние од Европската унија, имаат тешка задача да ги завршат дебатите до 31 декември годинава. Тогаш завршува таканаречениот преоден период, откако Велика Британија за неколку дена, на 31 јануари ќе ја напушти ЕУ.

Брисел смета дека е преамбициозно да се очекува за само 10 месеци да завршат преговорите за сите сложени трговски прашања, но британската Влада, предводена од премиерот Борис Џонсон, нема намера да го продолжи преодниот период.

Обединетото кралство требаше ЕУ да ја напушти уште на 29 март 2019 година, но датумот беше повеќепати одложуван, бидејќи пратениците не можеа да се договорат за условите за излезот од ЕУ. Џонсон, чија партија успеа убедливо да победи на предвремените парламентарни избори во декември, ги придвижи работите напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот