Пожарот кај Едрениково ставен под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево околу 18 часот во месноста Ташли Баир над селото Едрениково, во општина Василево, е ставен под контрола, информираше командирот на Територијална против пожарна единица на Струмица, Александар Гудев.

-Во гаснењето на пожарот учествуваа шест против пожарни возила и 25 пожарникари и со крајни напори успеавме големиот пожар да го ставиме под контрола и да го локализираме. Засега не е ликвидиран, бидејќи има одделни пожари на повеќе места, рече Гудев.

Пожарот се префрли кон населеното место Владевци и се доближи на неколку стотина метри до магистралниот пат Струмица-Радовиш.

Чадот од пожарот можеше да се забележи од Струмица и околните населени места, а според досегашните информации горат сува трева и ниско стеблеста шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот