Пожар во близина на студиото „Ворнер Брос” кај Лос Анџелес

Фото: EPA/CHRISTOPH DERNBACH

Студиото „Ворнер Брос” во близина на Лос Анџелес е евакуирано откако избувнал пожар во негова близина, јавија американските медиуми.

Опожарени се 34 хектари, соопшти пожарната служба во Лос Анџелес и додаде дека ниту еден објект не е изгорен или загрозен.

Властите ги повикаа локалното население да остане во своите домови, но не беа издадени наредби за евакуација.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 230 пожарникари, кои успеаја да спречат ширење на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот