Пожар позади СЦ „Борис Трајковски“ (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Утринава е забележан голем чад во Скопје, позади СЦ „Борис Трајковски“, а од противпожарната служба велат дека станува збор за запален отпад, кој зафаќа помала површина, но е проблематичен за гасење.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа е малку проблематична за гасење. Нема опасност за ништо – велат од пожарникарна.

Од МВР велат дека утринава околу 9.00 часот случајот е пријавен, како и тоа дека полициска екипа исто така е на местото на настанот.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот