Пожар околу поранешна велешка „Порцеланка”

Во пожарната во Велес вечерва во 19.20 часот бил пријавен пожар кај поранешната фабрика „Порцеланка”.

Според првичните информации за МИА, од ТППЕ Велес гори трева и дрвца. Екипа со пожарникари се уште е на терен и се работи на гаснење на пожарот.

Тие засега не откриваат подетални информации за пожарот, за тоа колкава површина е зафатена и дали се во опасност просториите на фирмата која работи во поранешна „Порцеланка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот