Позадината на експлозијата во Бејрут е позлонамерна отколку што се мисли, виновен е Хезболах?

epa08534257 A supporter of Hezbollah carries his party flag during a protest against the visit of Commander of the US Army Central Command, Kenneth Franklin McKenzie to Lebanon at the highway of Rafic Hariri international airport in Beirut, Lebanon, 08 July 2020. EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Либанските власти засега притворија 16 лица во истрагата за експлозијата во бејрутските пристанишни складишта, јави вчера државната новинска агенција ННА, а правосуден извор и локалните медиуми наведоа дека меѓу притворените е и главниот директор на пристаништето.

Големата експлозија во складиштето со амониум нитрат во пристаништето во Бејрут кое однесе најмалку 157 животи и рани повеќе од 5 илјади луѓе, беше, според досегашните сознанија, несреќен случај.

Меѓутоа, новите информации упатуваат на тоа дека позадината на оваа катастрофа би можела да биде позлонамерна. Баха Харири, еден од водечките опозициски политичари во Либан, тврдеше во средата вечер, дека освен корумпираната влада, виновен е и Хезболах, муслиманско – шиитска паравоена организација која САД, ЕУ, Арапската лига и други ја прогласија за терористичка организација.

И покрај тоа, политичкото крило на Хезболах е парламентарна партија чии членови учествуваат во владата на Хасан Диаб. Во исто време имаат сопствени паравоени сили независни од државните власти – сили кои веќе со години учествуваат во војната во Сирија, заедно со своите ирански и руски сојузници, на страната на режимот на Башар ал – Асад.

А според Харири, сите во Бејрут знаат дека Хезболах всушност ја контролира градското пристаниште и аеродромот и дека е непојмливо властите да не знаеле за смртоносниот амониум нитрат складиран во хангарот на пристаништето.

„Кристално јасно е дека Хезболах го контролира пристаништето и складот во кој беше ставен амониум нитратот“

„Прашањето кое мора да си го поставиме е како е дозволено шест години овој запаллив материјал да остане среде градот од 2 милиони луѓе?“, рече Харири, инаку син на поранешниот премиер и тајкун Рафик Харири кој е убиен во драматичен самоубиствен напад со камион – бомба, а за нападот е обвинет Хелболах, чија паравоска инаку активно го поддржува Иран.

Интересна случајност е што до експлозија дојде три дена пред Специјалниот трибунал на ОН да им изрече пресуда во судењето на четворицата осомничени припадници на Хезболах поради терористичкиот напад во 2005 година во кој загина тогашниот премиер Харири и уште 21 лице. Поради експлозиите пресудата која требаше да биде донесена денеска, е одложена за 18 август.

„Кристално јасно е дека Хезболах го контролира пристаништетот и складиштето во кое беше складиран амониум нитратот. Ништо не влегува ниту излегува од пристаништето или на аеродромот без тие да го знаат тоа. Ништо. Нивната одлука да го стават тоа (експлозивниот товар) среде градот од два милиони жители беше целосна катастрофа. И сега имаме уништен центар на градот“; заклучи на прес конференција Баха Харири, чиј помлад брат Саад Харири исто така беше премиер се до јануари годинава.

„Не можам да шпекулирам за точните настани во пристаништето тој ден, но Хезболах е позната терористичка организација и мислам дека што повеќе разорување ќе нанесат, ним им е подобро. Нивниот симбиотски однос со владата им дава многу самодоверба да праат што сакаат“, рече Харири, а пренесува Daily Mail.

Потребна е итна меѓународна истрага за оваа трагедија

Либанскиот политичар исто така побара „итна меѓународна истрага за оваа трагедија.

„Не можете да ѝ верувате ниту на владата ниту на Хезболах за спроведување истрага. Ни треба надворешна истрага и тоа брзо“, додаде тој.

Инаку, пратката од 2.750 тони амониум нитрат е истоварена во 2014 година од бродот Росус под молдавско знаме, кој е запрен во бејрутското пристаниште во октомври 2013 година. Неговиот сопственик, рускиот бизнисмен Игор Гречушкин, прогласи банкрот и го остави бродот и посадата на цедило, без плата и пари за трошоци и поправка, пристанишни трошоци и надоместоци за адвокати.

Капетанот и уште тројца од десет членови на посадата останаа заробени на бројот, кои многумина го опишаа како „пловечка бомба“, додека либанскиот суд конечно не им дозволи излегување и враќање во Русија, односно во Украина. Либанските пристанишни власти товарот го истоварија во складиште, каде шест години пропаѓаше, складиран без адекватни безбедносни мерки, додека не е запален, наводно случајно при заварувачки работи.

Либанската царина залудно низ тие шест години испраќаше писма до судот, апелирајќи за дозвола опасниот товар или да се продаде или да се реши на друг начин проблемот.

Сателитска слика од Бејрут пред и по експлозијата / 4 – 5 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Либанските власти засега притворија 16 лица во истрагата за експлозијата во бејрутските пристанишни складишта, јави вчера државната новинска агенција ННА, а правосуден извор и локалните медиуми наведоа дека меѓу притворените е и главниот директор на пристаништето.

Хезболах го криел амониум нитратот во Лондон и Германија

Уште една индиција посредно го поврзува Хезболах и амониум нитратот кој експлодираше. Имено, како што пишува Jerusalem Post, оваа терористичка организација скривала три тони амониум нитрат во складиште во Лондон додека МИ5 и лондонската полиција не го пронашле и заплениле во 2015 година.

Хезболах скривал стотина килограми од оваа експлозивна супстанција и во јужна Германија, која полицијата ја пронајде на почетокот на годинава.

Во двата случаи, експлозивната хемикалија и во двата случаи била скриени во илјадници студени слоеви.

Посебно е интересно што водачот на Хезболах Хасан Насралах во 2016 година во телевизиско обраќање му се закани на својот најголем непријател Израел со ракетн напад на складиште во пристаништето Хаифа кое би експлодирало како атомска бомба. Хезболах, се закани нивниот водач, ќе го запали складиштето со 15 илјади тони амониум нитрат во Хаифа.

„Експерт рече дека тоа е исто како нуклеарна бомба. Со други зборови, Либан има нуклеарна бомба. Тоа не е претерување“, заклучува исламистичкиот водач во видеото, смеејќи се. Да потсетиме, гувернерот на Бејрут ја спореди експлозијата во градот со нуклеарна, поради размерот на уништување и облакот на експлозијата е налик на ноторната нуклеарна „печурка“.

Исто така, Ерусалим Пост откри дека Хезболах, според дипломатските депеши кои протекоа, прокриумчарил илјадници тони амониум нитрат од соседна Сирија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот