Повторно рекорден број на жртви во САД: Вкупно починаа 30.800 луѓе

Фото: Профимедиа

САД веќе втор ден по ред бележи трагичен рекорд по бројот на починати. Во последните 24 часа починаа 2.371 лица од коронавирусот, а вкупно има 30.800 жртви.

Бројот на заразени помина 640.000, а досега се излечија 50.000 пациенти.

Првите случаи на заразата во САД се пријавени на 29 февруари. За 38 дена бројот на жртви достигна 10.000, а само девет дена подоцна регистрирани се 30.000 починати.

Во понеделникот од коронавирусот починаа 2364 лица, но и покрај тоа што секојдневниот број на починати и новозаразени е голем, во некои делови на САД епидемијата е во опаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот