Повторно раст на цената на нафтата и криптовалутите

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 114 долари по барел, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчерашниот ден. Претходните две недели цените на нафтата беа поблиску до рекордно ниво, кога цената на барелот беше 121 долар.

Пазарот на криптовалути од утрово е во пораст. Биткоинот бележи закрепнување на пазарот, неговата вредност од утринава изнесува 20.873 долари, што е зголемување за 5 отсто. Другите криптовалути се исто така во зелено.

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот