Повторно демонстрации во Франција против здравствениот пасош и вакцинацијата

Протести во Франција против ковид сертификати /Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за дел од професиите во кои има контакт со луѓе

По првата национална мобилизација на 17 јули, денеска во Париз и во многу други француски градовим се одржуваат нови демонстрации против продолжување на здравствениот пасош и задолжителна вакцинација против Ковид-19 за одредени професии, јави дописникот на МИА.

Според проценки на властите, низ цела земја се очекуваат речиси 110.000 демонстранти. Овие демонстрации доаѓаат во моментот кога мнозинството Французи (76 отсто) ја одобруваат одлуката на претседателот Макрон да ја направи вакцинацијата задолжителна за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии во контакт со луѓе, предвидувајќи казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките.

Текстот на законот за проширување на употребата на здравствениот пасош денеска се разгледува во Сенатот. Сенаторите ги разгледуваат амандманите, откако вчера го дадоа првото зелено светло на комисија за нацрт-законот против Ковид, кој предвидува обврска за вакцинација за негувателите, медицинскиот персонал и другите професии и контроверзното проширување на здравствениот пасош, што сенаторите го поврзуваат со воспоставување на вонредна здравствена состојба.

Шефот на сенаторите од редовите на опозициската Републиканци се заканува дека ќе го попречи парламентарниот рок за усвојување на законот.

-Ако пратениците сакаат да ја почнат работата на Сенатот, рече Бруно Реталео, десницата ќе ја саботира средбата меѓу пратениците и сенаторите (што се нарекува мешовит комитет) закажана за в недела за да се финализира конечниот текст. Ова повторно би го почнало парламентарниот шатл, со шетање на нацрт законот меѓу Собранието и Сенатот.

Градоначалникот на Ница ја повлече од своја страна одлуката за задолжителниот здравствен пасош во центрите за одмор и рекреација за децата во градот. Откако задолжителното носење на маска се врати во повеќе француски департмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот