Повреден рудар од Македонска Каменица

Фото Архива на СП

Од СВР-Штип велат увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Делчево.

Триесет и четири годишен рудар од Македонска Каменица се здобил со повреда на работното место.  

Во полициското одделение во Македонска Каменица било пријавено дека околу 12.15 часот при работа во јама во рудник во Македонска Каменица, 34 годишниот З.С. се здобил со повреда кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во Општата болница Кочани.

Директорот на Општа болница-Кочани, Александар Серафимов за МИА вели дека на рударот направен му е детален преглед и снимање на главата. Лекарите констатирале дека се здобил со телесни повреди, односно исеченица на десната веѓа, по што бил пуштен на домашно лекување.

Од СВР-Штип велат увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот