Повеќе од 100 туристи заглавени на скопскиот аеродром – Повеќе од шест часа чекаат авион

Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада.

Патниците со кои телефонски разговаравме беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите, пренесува Пресинг ТВ.

На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.

– Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Некoи се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ Гордана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот