Потресната животна исповед на Зафир Хаџиманов: Останав без око, а потоа на ред дојде срцето

Facebook
Facebook

Легендарниот Зафир Хаџиманов почина на 78 години, од последици на коронавирусот. Спонтан, шармантен, духовит, со уникатен глас, ѕвездата на поранешна Југославија може да послужи како пример за помладите колеги. 

Царот на шансоните, актер, поет, прозаист, шоумен, сопруг и татко – Зафир Хаџиманов беше еден од најинтересните луѓе во регионот. Треба да го посетите неговиот фејсбук-профил и да ги прочитате неговите приказни и спомени, а постарите генерации ќе се сетат на старите музички фестивали, каде што ги добиваше сите награди што можеа да се добијат.

Во разговор за „Курир.рс“ во 2019 година, ја изнел својата животна исповед, за богатата кариера и прекрасниот семеен живот.

Како се чувствувате кога ќе дојде есента, промената на времето?

– Ако почнам да зборувам за тоа како се чувствувам, нема да мора да поставувате други прашања. Кога влегов во осмата деценија, започнаа проблемите. Претпоставувам дека тоа се вика старост. Тоа е една од најгрдите работи со кои се соочив во мојот живот. Најпрво, поради небрежност на очните хирурзи, останав без едното око. Тогаш на ред дојде срцето, а од мајка ми, освен убавата куќа во Скопје, наследив и дијабетес.

На констатацијата дека изгледа одлично и дека добро се држи, Хаџиманов рекол:

– Дури и сега, на 76-годишна возраст, изгледам „каросериски“ пристојно, но „внатрешно“ ми пукаат шевовите. Почнав малку и да заборавам. Единствено до што се држам е пишувањето. Мојата здравствена состојба е многу несреќна, но благодарение на компјутерот, целиот свет е мој. Седнувам па играм на Фејсбук, на интернет, пишувам малку за своја душа.

Во интервјуто, Хаџиманов се осврнал и на тоа дека творел на два јазика, македонски и српски.

– Роден сум во Македонија, и тоа не го заборавам, па дури и да сте завршиле десет Харварди. Јас завршив само еден, глума на ФДА во Белград, и научив српски подобро од некои Срби. Не ми треба лектор. Имам десетина книги во оптек. Пред неколку години објавив книга раскази на два јазика „Песмопојац/Песнопоец“, второ издание. Издавачи се Националниот совет на Македонците што живеат во Србија. Напишав една драма на тиквешки дијалект. Отсекогаш ме интересирале дијалектите. Јас сум од оние лудаци кој сѐ што прави, прави на два јазика. Спијам на два јазика, дишам на два јазика. Водам љубов на барем два јазика! Ајде да кажеме: водев љубов, ха, ха.“

Во продолжение на интервјуто Хаџиманов зборувал за љубовта со неговата сопруга Сенка и за нивниот брак, за раѓањето на синот Васил, кој денес е истакнат џез музичар, за актерството…

Извор: Курир.рс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот