Постојано се дебелеете? Како тоа да се спречи?

Според новото британско истражување, луѓето во текот на зимските месеци во просек се дебелеат 2,2 килограми, а за тоа има неколку причини – прекинување на диетата, намалена телесна активност и избор на потешки намирници и оброци. На ова во прилог одат и тмурните и студени денови поради кои изборот е седење пред телевизор со грицки.

За среќа, постојат неколку добри и едноставни навики со кои ќе спречите наталожување на килограми, без ригорозна диета.

Кратки сништа

Јасно е, топлото летно време полесно ќе не убеди рано да станеме од кревет и да бидеме продуктивни, додека сè пократките есенски и зимски денови нѝ предизвикуваат желба порано да си легнеме и подолго да останеме во кревет. Но, тоа не значи дека треба да ги преспиеме деновите и мрзеливо да ја чекаме пролетта. Имено, премногу сон негативно се одразува на килограмите зашто со спиење нема да потрошите доволно калории кои сте ги внеле во текот на денот. Имајте предвид дека седум часа сон се доволни.

Каква било физичка активност

Некој вид на физичка активност секако е пожелна и добра за целовкупното здравје. Ние ви предложуваме трекинг (одење, трчање или планинарење) на природни терени. За оваа активност доволни ви се само добрата волја и соодветна облека и обувки – јакна која не пропушта вода и ветер и чевли за трекинг. Се разбира дека кардио-вежбите и теретаната се одлични, но доколку ви недостига мотивација за нешто „поголемо“, пробајте со јога, пилатес или некоја забавна физичка активност која е базирана на танцување, како зумба.

Јас сум тоа што јадам

Сигурно барем еднаш во животот сте ја слушнале изреката „ти си тоа што јадеш“. Имено, правилен избор на намирници е клучен за нормално функционирање на организмот бидејќи храната дава енергија и хранливи состојки на нашето тело. Така, кога одбирате зимско мени немојте да се фаќате само за силната и мрсна храна која моментно ќе ве засити, туку комбинирајте ја со многу зеленчук и здрави намирници. И секако, внимавајте на количината на храната во чинијата. Телото ќе бара онолку колку што ќе го навикнете дека му е потребно (а навистина, не му треба многу).

Не пијам газирано

Доаѓањето на зимата често значи и засилено уживање во топлите напивки кои неретко се преполни со рафиниран шеќер и „празни“ калории. Без разлика дали станува збор за чаеви, топла чоколада или кафе, секогаш избирајте незасладени верзии. Ако не можете без шеќер, заменете го со поздрави варијанти, како мед, стевиа, јаворов сируп или кокосов шеќер – така ќе направите услуга на своето тело.

Златно правило: Повеќе, но мали оброци

Навикнати сме на три обилни оброци: доручек, ручек и вечера. Доаѓањето на пролетта со сите свои овошки и зеленчуци ни олеснува да ја промениме оваа традиционална навика. Телото „троши“ цел ден, па затоа потрудете се најобилниот оброк да биде доручекот – освен што телото ќе има повеќе време да ги согори калориите од доручекот, ќе го спречите прејадувањето на ручек, а за вечера ќе се задоволите со нешто „ситно“. Измеѓу доручекот и ручекот засладете се со овошје, а потоа со јатки.

Вода. Многу вода.

Навистина е чудно да го поминете денот без да пиете вода, или пак само со една-две испиени чаши. Вашето тело ќе ви биде благодарно откако пред секој оброк ќе испиете чаша вода, но не и за време на оброкот. Така ќе го намалите апетитот, ќе спречите подуеност на стомакот, а и ќе му помогнете на телото полесно да го процесира оброкот. Иако има различни тврдења колку вода дневно ни е навистина потребно, задржете се на старото сигурно правило: 2 – 2,5 литри, или од 8 до 10 чаши дневно.

Магична напивка

Само еден лимон и млака вода не делат од секојдневен детокс. Буквално. Сечете лимон, истискајте го, додадете млака вода во чашата и дигнете ја „на екс“… Во ред, не мора на екс, но испијте ја веднаш откако ќе ја направите, пред да го напуштите домот, или најмалку половина час пред доручекот и ќе бидете „чисти“ секој ден. Оваа моќна напивка богата со витамин Ц ќе ве „чисти“, ќе ги спречи утринските стомачни тегоби и калориите нема така лесно да се лепат,  а по еден месец откако веќе ќе ви стане навика, ќе забележите дека и вашето лице е почисто и посвежо. Доколку ви е „кисела“ како ваква, додадете и лажица природен мед. Заблагодарете ни се откако напивката ќе ви стане навика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот