Постигнат договор: Џошуа и Фјури за апсолутен владетел на денешниот бокс!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури постигнаа договор за две меѓусебни борби кои треба да се одржат оваа година, пренесува „ЕСПН“.

Она што долго се чекаше е потврдено – двајцата најдоминантни борци во тешка категорија ќе имаат можност да ги одмерат силите, а само еден ќе биде апсолутен владетел на денешниот бокс.

– Потешкиот дел од работата е завршена. Постигнат е договор. Останува да видиме само за локацијата. Не верувам дека ќе биде тешко, бидејќи веќе имаме понуди од Блискиот исток, Азија, Источна Европа и САД – изјави Еди Херн, главниот промотор на Ентони Џошуа.

Џошуа ги држи титулите во организациите ВБА, ИБФ и ВБО, додека Фјури е сопственик на појасот во верзијата ВБЦ. Победникот од нивните борби ќе биде првиот неприкосновен шампион во тешка категорија по Ленокс Луис во 1999 година.

Владимир Кличко беше најблиску до статусот апсолутен шампион во 21 век за време на импресивната серија, но во ниту еден момент не ги обедини сите четири најважни светски појаси, бидејќи во најголем дел од доминацијата на Украинецот, ВБЦ шампион беше неговиот брат Виталиј, кој сега е градоначалник на Киев.

Инаку, и Џошуа (31) и Фјури (32) доаѓаат од Велика Британија. Првиот во досегашната кариера има 24 победи (22 со нокаут) и еден пораз (од Енди Руиз јуниор), додека вториот е непоразен во 31 борба – 30 победи (21 со нокаут) и едно реми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот